Татко и син лихвареле како семеен „бизнис“ – за 80.000 денари наплатиле 700.000
Приведени татко и син-лихвари од Кавадарци, кои на човек од Неготино му наплатиле над 700.000 денари за заем од 80.000 денари.
Препорачано
Откако не успеал да го исплаќа, тие постојано му пресметувале камата и му го зголемувале долгот.
-Вчера во 09:20 часот, во Кавадарци, полициски службеници од ОВР – Кавадарци ги лишиле од слобода Н.С.(59) и неговиот син Р.С.(34) од овој град, поради сомнение за сторено кривично дело „лихварство“ по член 260 од КЗ. Според пријавеното, во јуни 2023, 71-годишен маж од Неготино од нив позајмил околу 80.000 денари и се договориле да враќа по 20.000 денари неделно, но, бидејќи не успеал да го врати земеното, постојано му пресметувале камата и му го зголемувале долгот. За целиот период, оштетениот му исплатил на Н.С. сума од над 700.000 денари“ соопшти СВР – Велес.
По издадена судска наредба, бил извршен претрес во домот на Н.С. и Р.С., при што биле пронајдени предмети за кои постоело сомнение дека се поврзани со делото.
Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, како што потенцираа од СВР – Велес, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6час
-
6час
-
7час
-
8час
-
9час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


