Татабања го „ограби“ Е. Пелистер, и Секељи и Периќ се враќаат во Унгарија

секељи
Мартон Секељи /Фото: Е. Пелистер

Само неколку часа откако Татабања објави ги договори трансферите на Матео Мараш и Немања Обрадовиќ од Еурофарм Пелистер, унгарскиот тим вечерва објави дека ангажира уште двајца ракометари од од битолскиот тим.

Татабања објави дека ги Мартон Секељи и Јосип Периќ се враќаат во унгарскиот тим следната сезона.

– Татабања отсекогаш била во моето срце и во тој клуб доживеав многу убави спомени. Со гордост можа да кажам дека како жител на Татабања, повторно ќе ја чувам мрежата на овој клуб и заедно ќе се бориме за да ги оствариме целите – изјави Секељи за официјалната интернет страница на Татабања.

Последниот ракометар кој денеска договори трансфер во Татабања е Јосип Периќ, кој се враќа во клубот за кој играше пред седум години.

– Тоа беше многу одамна и работите не испаднаа како што треба. Сега се враќам и верувам дека овој пат ќе биде многу подобро и тоа сакам да го покажам на теренето. Татабања и сезонава има силен тим, но за следната мислам дека можеме да бидеме уште подобри – изјави Периќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот