Фото: EPA/Roberto Bregani

Таре: Би лажел ако кажам дека немаме за цел да го освоиме Скудетото

Спортскиот директор на Милан, Игли Таре, призна дека амбицијата на „росонерите“ останува борбата за титулата во италијанскиот фудбалски шампионат.

Албанецот Таре, кој ова лето пристигна на „Сан Сиро“ со солидна репутација по работата во Лацио, нагласи дека и покрај силната конкуренција од Интер и Наполи, клубот се стреми кон врвот.

Директорот откри и повеќе за својата филозофија на трансфер пазарот. Таре е поддржувач на модерната технологија, статистиката и вештачката интелигенција, но во исто време ја цени интуицијата и човечкиот елемент.

– Би лажел ако кажам дека немаме за цел да го освоиме Скудетото. Ова е нов и радикален проект – зедовме 19 играчи и се разделивме со 23. Многу променивме, но имаме можност да работиме во текот на неделата, што е тешко кога играте во Европа – вели Таре.

Таре верува дека градењето силен внатрешен дух, како оној што го разви во Лацио под водство на Симоне Инѕаги, е клучен фактор:

– Би сакал да го донесам тој дух тука. Среќен сум што веќе можам да видам емпатија кај луѓето што работат за клубот. На вистинскиот пат сме и сакам да освојувам трофеи за овој голем клуб – се зборовите на Таре.

Моментно на табелата во Серија А, Милан е третопласиран со 22 бодови по 11 кола, зад водечките Интер и Рома кои имаат по 24 бода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот