Таравари официјално прогласи: Излегуваме од власта
Лидерот на едното крило на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, ѝ соопшти на јавноста дека највисоките раководни органи вечерва донеле одлука партијата да излезе од владината коалиција.
Препорачано
„Централното претседателство и претседателите на ограноците одлучија да одат во опозиција“, објави Таравари по состанокот.
„Се враќаме меѓу граѓаните, на локалните избори во октомври ќе имаме многу подобар резултат“, рече Таравари и додаде: „Промените што ги ветивме, не ги испорачавме, за што граѓаните нè критикуваат“.
„Затоа решивме да се вратиме кај граѓанинот. Да побараме од нив доверба во октомври за локалните избори. Денеска констатиравме дека доколку има недоверба меѓу членовите на Владата, тогаш треба да излеземе”, додаде Таравари.
Тој рече дека „незадоволството кај албанскиот електорат е големо посебно поради Балансерот и европскиот пат“. Таравари рече дека Албанците се жалат дека „третманот бил полош од порано“.
Алијансата за Албанците предводена од Таравари реши на претстојните локални избори да настапат со свои листи за советници. По оваа одлука неговите коалициските партии во „Вреди“ одлучија коалицијата да стане партија, но без Алијансата.
Алијанса на Таравари и формално ја напушта власта, реконструкција на Владата пред локалните избори


