Таравари не сака да биде дел од климата на сомнежи, на Мицкоски ќе му објасни дека и тој е жртва на некави уверувања

За жал, дел од политичарите Албанци во Владата не можат да се променат – тие се производ на стар политички менталитет

Министерот за здравство Арбен Таравари, најави дека наскоро ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски за да му ја објасни, како што рече, вистинската слика за последните случувања во Владата и околу одлуката на неговото крило на партијата.

– Премиерот Мицкоски изминатиот период беше под голем притисок поради повеќе причини. Жал ми е што слушам дека и тој станува жртва на некакви уверувања. Единствената вистина е дека нашата партија одлучи да настапи со посебни листи за советници на локалните избори – изјави Таравари за ТВ 21.

Според него, токму оваа одлука предизвикала незадоволство кај дел од албанските структури во Владата, кои, како што вели, започнале да шират алиби и гласини.

– Не сакаме повеќе да бидеме дел од таа клима на сомнежи, шпекулации и заговори. За жал, дел од политичарите Албанци во Владата не можат да се променат – тие се производ на стар политички менталитет – додаде Таравари.

Тој најави дека ќе го информира премиерот за конечната одлука на неговото крило на Алијанса за Албанците, со цел да расчисти сите нејаснотии.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот