Таравари: Функционери на ДУИ се повикуваат во обвинителствата, наскоро ќе се види кои се тие
Колку што имам информации, процедурите течат, некои функционери на ДУИ веќе се движат по канцелариите на истражните органите и обвинителствата – вели тој
Министерот за здравство, Арбен Таравари вели дека според негови сознанија, функционери на ДУИ се повикуваат во надлежни обвинителства, но не спомена конкретни имиња.
Препорачано
– Верувам дека за кусо време ќе видите кои се тие. Не знам, не работам во полиција, ниту во обвинителства или судови. Ако ви треба таква информација, прашајте таму. Но, знам дека многу луѓе и често се движат таму – рече Таравари.
За прозивката во изјавите на лидерот на ДУИ испратени од Цирих деновиве, дека ВЛЕН ги урива достигнувањата на Албанците кои се постигнати изминативе 22 години, Таравари посочи дека ДУИ не се занимава ниту со јазикот, ниту со знамето, туку со заштитата на имотот и најави дека некои функционери ќе понесат одговорност за нивното работење кога биле на власт.
– Колку што имам информации, процедурите течат, некои функционери на ДУИ веќе се движат по канцелариите на истражните органи и обвинителствата, кога ќе го направат, тоа ќе го направат надлежните државни органи, немам точни информации, но знам дека се движат низ тие канцеларии – рече Таравари.


