ВИДЕО | Тарантино жестоко ѝ одговори на Росана Аркет: Ти дадов работа, ги зема парите, каде ти е честа?
Познатиот режисер Квентин Тарантино остро реагираше на критиките од актерката Росана Аркет, која го обвини за расистичка употреба на навредливи зборви во неговите филмови. Аркет, која ја играше улогата на Џоди во култниот филм „Pulp Fiction“ од 1994 година, неодамна изјави дека честата употреба на таквиот збор во филмот е „расистичка и морничава“, пренесува „Дејли Меил“.
Препорачано
Тарантино во изјава за медиумите возврати дека актерката го критикува само за да добие публицитет.
„Драга Росана, се надевам дека публицитетот од 132 медиуми кои го објавуваат твоето име и фотографија вредеше за непочитувањето кон мене и филмот во кој се сеќавам дека беше пресреќна што учествуваш“, напиша режисерот.
Тој додаде дека е изненаден што актерката го критикува филмот повеќе од три децении по неговото излегување.
„Дали сега навистина мислиш така? Можеби. Но откако ти дадов работа и ги зема парите, сега да го напаѓаш филмот од цинични причини покажува очигледен недостаток на манири, а да не зборувам за чест“, порача Тарантино.

Аркет, пак, во интервју за британските медиуми изјави дека го смета „Pulp Fiction“ за култен филм, но дека ѝ пречи што во него околу 20 пати се користи расна навреда.
„Не можам да поднесам што му е дозволено да го користи таа збор. Тоа не е уметност, туку е расистичко и морничаво“, изјави актерката.
Во интервјуто таа откри и дека била единствената личност од филмот која не добила дел од огромната заработка, а зборуваше и за непријатните искуства со продуцентот Харви Вајнстин, кој подоцна беше осуден за сексуални злосторства.


