Танкоски: Мечот против Нексе ќе биде можност за поправање на впечатокот

фото: seha-liga.com/Sasa Pahic Szabo/Kolektiff

Денеска од 18.00 часот во Нашице екипата на Еурофарм Пелистер ќе го игра вториот натпревар од групата „А“ во СЕХА лигата. Нов ривал на македонскиот вицешампион е хрватскиот Нексе, и двете екипи на стартот претрпеа порази од српската Војводина.

Тренерот на битолчани, Ларс Валтер вели дека Нексе е одличен тим, неговите ракометари ќе бидат подготвени и имаат добри шанси да одиграат израмнет натпревар.

– Нексе е одличен тим, но видовме дека ја направија истата грешка, како и ние против Војводина. Среде подготовки сме, оставивме неколку ракометари дома за да ги заштедиме, и затоа не изгледавме добро во Нови Сад. Но, сега имаме два дена за подготовка и ќе бидеме подобри. Проблем ни е што немаме многу ракометари тука во Нашице, дојдовме само со четири бека за да покријат 60 минути, што не е многу. Најголемиот проблем за поразот против Војводина беа техничките грешки кои ги направивме. Ги имавме дури 19, што не е нормално. Тоа ни се случи бидејќи сме во подготвителен период. Физичките тестови минатата недела беа добри, па сега работиме само на ракомет и треба да се подобриме. Имаме добри шанси да играме израмнет натпревар против Нексе и ќе бидеме подготвени за тој дуел – рече Валтер.

Според играчот на Еурофарм Пелистер, Марио Танкоски овој меч ќе биде можност за поправање на впечатокот.

– Нексе оваа година игра добар ракомет, први се во групата во Европската лига. Се работи за одлична екипа, но и тие во Нови Сад убедливо загубија и лошо играа, исто како и ние. Овој натпревар и за нас и за нив ќе биде можност за поправање на впечатокот. По репрезентативни настапи нормално е да има вакви осцилации. Ќе бидеме подобри во следниот период, ни претстои тежок февруари и два натпревари секоја недела. Мора да се подигнеме за да извлечеме убави резултати – се зборовите на Танкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот