ФОТО | Тања Савиќ се вери во Египет со 11 години помлад пилот

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Српската пејачка Тања Савиќ наводно во Египет, каде што се наоѓа во моментот, ја запросил 11 години помладиот дечко, пилотот Мухамед Муки Бешиќ.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Тања Савиќ

– Тања веќе неколку дена ужива на одморот во Египет. Таа отиде таму со своето момче и децата по напорната летна сезона. Таа и Мухамед се во врска од почетокот на годината. Имаше и раскинување, бидејќи и неговите и нејзините родители биле против врската поради разликата во годините, но и поради тоа што тој е од друга вероисповед. Ова особено и пречи на мајката на Тања, Живана, која не сака ни да слушне за него. Тоа веќе не ја загрижува, бидејќи е сигурна во својата љубов, а особено и е драго што нејзините деца го прифатиле. Сите одлично се согласуваат – тврди изворот за српски „Курир“.

– Мухамед одлучил една вечер да ја изненади пејачката и да ја запроси токму во Египет. Прстенот го купил пред да замине од Белград и го сокрил во куферот меѓу своите работи. Ја запросил на романтична вечера. Тања се воодушевила и веднаш рекла дека се согласува. Единствениот проблем е што таа сè уште е официјално во брак со Душан, кој нема така лесно да се разведе. Тоа е сигурно. Кога ќе го среди тоа, веднаш ќе се омажи за Мухамед, без сомнение во тоа. Фотографијата што ја објави на Инстаграм е направена токму таа вечер по запросувањето. Ако погледнете малку подобро, ќе видите дијамантски прстен на нејзината рака. Беше цела во бело, навистина блескаше. Во договор со него, таа реши конечно да признае дека се во врска и дека не се кријат, бидејќи наскоро и официјално ќе станат маж и жена – заклучува овој соговорник.

Мухамед има 27 години, родум е од Бјелина, а живеел и во Германија, Белгија и Соединетите Американски Држави. Поради природата на неговата работа, тој постојано патува и го обиколил поголемиот дел од светот.

Тања вчера ги објави нивните први фотографии заедно со описот:

„Секогаш можеш да си дадеш нов почеток, бидејќи никогаш не е доцна да бидеш она што го сакаш! Љубов! Храброст!“

Исто така, и згодниот пилот ја обелодени врската со Тања и напиша:

„Моменти како овој“, и додаде љубовен емотикон.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Мухамед Муки Бешиќ

Уште во март призна дека е во љубовна врска но, досега не сакаше да го открие партнерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот