Таневски: Тимот е мотивиран и со желба за одлично издание во Лихтенштајн
Фудбалската репрезентација на Македонија до 20 години, предводена од селекторот Александар Таневски, денеска од 18.30 часот против Лихтенштајн ќе го одигра својот прв контролен натпревар.
Препорачано
Мечот е закажан на гостински терен, во Шан, Лихтенштајн. Нашиот предводник смета дека тимот е мотивиран и има желба да се претстави во одлично издание на мечот во Лихтенштајн:
– Пред нас е првиот натпревар на репрезентацијата до 20 години против Лихтенштајн до 21 година. Деновиве работевме концентрирано и со јасна идеја да поставиме квалитетен темел во нашата игра. Тимот е млад, мотивиран и има силна желба достоинствено да се претстави. Го почитуваме противникот, но нашиот фокус е на сопствената игра, дисциплина и колективна работа. Верувам во момците и во нивната способност да одиграат организирано на терен.
Исто така, сакам да изразам голема благодарност до Фудбалската федерација на Македонија за целосната поддршка и условите што ни ги обезбеди. Кога работиме во професионална и стабилна атмосфера, можеме да растеме и како поединци и како тим. Убеден сум дека ќе го дадеме максимумот и дека ќе ја претставиме Македонија на вистински начин – вели Таневски.
Во составот на предводникот на селекцијата, Таневски се вклучени следните фудбалери:
Љупче Џеков (Силекс), Давид Илоски (Брера), Никола Филевски (Брегалница), Адис Мурати (Башкими), Андреј Велков (Брера), Мичо Поповски (Вардар), Виктор Делoв (Брера), Димитар Данев (Вардар), Давид Матески (Силекс), Армир Иса (Скопје), Никола Величковски (Брера), Андреј Стојановски (Скопје), Тео Сандев (Моторлед Прага), Игли Хасани (Работнички), Шабан Мемети (Арсими), Харун Незировски (Хелсингборг), Илир Шерифи (Неуминстер), Сејдо Дураков (Рот-Вајс Ерфурт), Илија Масларов (Лугано), Аган Сулимани (Башкими), Марко Стојилевски (Брера), Нуман Ајетовиќ (Шкендија).


