Танчарки ја тужат Лизо за сексуално вознемирување, едната од нив ја нарекла „дебела“
Три поранешни танчарки на Лизо ја обвинија американската раперка за „сексуално вознемирување и создавање непријателско работно окружување“, пренесуваат американските медиуми.
Препорачано
Кристал Вилијамс, Аријана Дејвис и Ноел Родригез тврдат дека Лизо извршила притисок врз една од нив да допира и да танцува со гол изведувач во клуб во Амстердам.
Исто така, во тужбата се наведува дека Лизо, која е позната по тоа што се залага за прифаќање на различностите кога станува збор за физичкиот изглед, ја искритикувала Дејвис за нејзината телесна тежина.

Танчарките, исто така, тврдат дека Ширлин Квигли, шефицата на танцовиот тим на Лизо, ги прекорувала другите танчерки за впуштањето во сексуални односи пред брак и ја дебатирала невиноста на една танчерка на социјалните медиуми.
Во тужбата, исто така, се наведува дека за време на реалното телевизиско шоу на Лизо, „Watch Out for the Big Grrrls“, натпреварувачите биле „изложени на отворено сексуална атмосфера“ и биле под притисок да учествуваат во голи фотосесии.
Во тужбата не се прецизира дали Лизо знаела за жалбите против Ширлин Квигли.


