Талибанците уапсија седум терористи од Исламска држава

Талибанците во Кабул/ Фото EPA-EFE/STRINGER

Вкупно седум милитанти на Исламската држава се приведени во Авганистан поради подготовка на напади во провинцијата Хост, соопшти вечерва гувернерот на провинцијата Мохамад Наби Омари.

– Талибанските борци приведоа седум борци на ИД кои планираа терористички напади во провинцијата Хост. За време на сослушувањето, тие дадоа важни признанија, изјави гувернерот, цитиран од катарската телевизија Ал Џезира.

Во експлозија во џамија во југоисточната авганистанска провинција Хост минатата среда загина едно лице, а 14 беа повредени. Одговорноста за нападот ја презедоа екстремистите од ИД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот