Талибанците се предомислија: Нема да рушат статуи на Буда, сакаат кинески инвестиции

Талибанците во 2001 година уништуваа статуи и будистички реликвии/Фото: EPA/OLIVER MATTHYS

Дрвени статуи на Буда кој седи и медитира се врежани во карпите во руралните делови на Авганистан, веднаш над рудникот за бакар, а талибанските лидери решиле да ги задржат бидејќи, според АП, имаат надеж за кинески инвестиции во нивната земја.

Американската новинска агенција вели дека талибанските борци, кои можеби претходно мислеле да ги уништат статуите, сега ги чуваат, потсетувајќи дека пред две децении, кога Талибанците беа на власт, предизвикаа бес низ целиот свет со минирањето на голема статуа на Буда во друг дел од земјата.

Тогаш талибанците рекоа дека тие се остатоци од паганството кои треба да се прочистат.

Но, сега тие велат дека сакаат да ги зачуваат реликвиите кај рудникот Мес Еинак, кој е клучен за можен прилив од милијарди долари кинески инвестиции, рече Хакумула Мубариз, шеф за безбедност на талибанците на локацијата.

– Заштитата на статуите е многу важна за нас и за Кинезите – рече Мубариз.

АП наведува дека „спектакуларниот пресврт на Талибанците ја илустрира моќната привлечност на неискористениот рударски сектор во Авганистан“.

– Властите го видоа рудното богатство на земјата, проценето на една милијарда долари, како клуч за просперитетна иднина, но никој не успеа да го развие среде постојана војна и насилство. Сега, неколку земји, меѓу кои Иран, Русија и Турција, сакаат да инвестираат, пополнувајќи го вакуумот што остана по хаотичното повлекување на САД – се истакнува во текстот на АП, истакнувајќи дека Пекинг е „најупорен“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот