Талибанците се на 50 километри од главниот град, европските земји ги затвораат амбасадите во Кабул

Талибанците напредуваат кон Кабул. / Фото: Архива на Слободен печат

Талибанските милитанти забележуваат огромни воени успеси на теренот во последните недели и прашање на време е кога ке го освојат главниот град Кабул.

Феруз Кох, главниот град на провинцијата Гор во централен Авганистан со нешто повеќе од 132.000 жители, е најновиот град во серијата освоени градови кои паднаа во рацете на Талибанците.

Безбедносните сили како и администрацијата го напуштаат градот.

Во неверојатен „блицкриг“, Талибанците за само неколку дена презедоа 15 од 34 главни градови на провинцијата.

Европските земји ги затвораат амбасадите во главниот град на Авганистан, Кабул, и се евакуираат.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот