Талибанците би можеле да се вооружаат со 150 нуклеарни боеви глави, предупредува поранешниот советник за безбедност на Трамп

Талибанци на улиците на Кабул. / Фото: EPA-EFE/STRINGER

Талибанците би можеле да се вооружаат со 150 нуклеарни боеви глави откако ќе ја вратат контролата врз земјата, предупреди Џон Болтон, поранешен советник за национална безбедност на Доналд Трамп.

Во интервјуто, поранешниот шеф за безбедност на Белата куќа рече дека постои страв дека режимот може да дојде до поседување оружје од соседен Пакистан.

Додека САД се повлекоа од Авганистан минатиот месец, Талибанците брзо ја презедоа контролата врз Кабул, што предизвика масовна евакуација и хаотични сцени на аеродромот.

Болтон, кој работеше како советник за национална безбедност помеѓу април 2018 и септември 2019 година за време на администрацијата на поранешниот претседател Доналд Трамп, предупреди на дополнителни закани.

– Талибанците кои го контролираат Авганистан се закануваат дека ќе ја преземат контролата и врз Пакистан. Тоа може да значи 150 нуклеарни централи во рацете на терористите, што претставува вистинска закана за нас и нашите пријатели – предупреди Болтон, пренесува Мирор.

Болтон, исто така, го критикуваше управувањето на Бајден со повлекувањето на војниците од Авганистан.

Тој предупреди дека сојузниците „се прашуваат дали има увид во надворешната политика на неговата администрација“.

Извор: Мирор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот