Талески не е опција за Вардар – Слободен печат
РакометСпорт

Талески не е опција за Вардар

Членот на бундеслигашот Рајн Некар, Филип Талески, не е опција за нападот на европскиот шампион ниту овој летен преоден рок.

Нашиот репрезентативец Талески да пристигне во Вардар беа само шпекулации изминатиов период.

Кога сме кај другите нови играчи, Серафимов е се по далеку од Вардар, додека пак Димитриоски и Толедо се пред официјализација, пренесува „Вардар фанс“.

Дали специјалистот за одбрана Калараш ќе остане во Скопје, ќе дознаеме во четврток.

Претходно е познато дека нови играчи се руските репрезентативци Атман и Горпишин, и летонскиот голман Кугис.

Воедно нови договори со македонскиот и европски шампион потпишаа Скубе и Гедбан.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close