Талески: Иран треба добро да размисли како ќе се постави

Воопшто не е добро кога се напаѓа најважниот стратешки сојузник на Северна Македонија, САД. Нападот врз воени бази на САД со можни жртви е напад врз САД, вели во „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“, Дане Талески, советник за надворешна политика на премиерот и кандидат за амбасадор на Северна Македонија во НАТО.

Тоа повлекува вклучување на членот 5 од Вашингтонскиот договор, кој што вели „еден за сите, сите за еден“, односно ако една членка на НАТО е нападнати се сите.

– Иран треба добро да размисли како ќе се постави во оваа ситуација изјави за Утрински брифинг Дане Талески, советник за надворешна политика на премиерот и кандидат за амбасадор на Северна Македонија во НАТО, во врска со последните настани на релација Иран – САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот