Така работи Баерн, додека Барселона се ценка, тие се договорија со Ајакс

twitter/Bayern & Germany

Баерн Минхен беше побрз и поконкретен од Барселона и успеа да се договори со Ајакс, пишува холандскиот весник „Де Телеграф“.

Според весникот Сержињо Дест наместо во Барселона ќе заврши во Баерн Минхен, а Ајакс за трансферот ќе инкасира околу 25 милиони евра со бонуси.

Американскиот репрезентативец има само 19 години, а во Ајакс ги помина сите младински категории, додека од минатата година е стандарден член на првиот тим на екипата.
Дест ќе биде четврто засилување за европскиот шампион по Лерој Сане кој дојде до Манчестер сити, Александер Нубел од Шалке и штоперот на ПСЖ, Куаси.

Младиот дефанзивен кој игра на десната бековска позиција и ќе го зазеде местото во првиот тим на Баерн на Одриозола кој се врати во Реал Мадрид. Баерн Минхен летово продаде само еден фудбалер, Тијаго Алкантара и тоа за 30 милиони евра на Ливерпул.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот