Тајсон: Секако дека пушев марихуана пред борбата со Рој Џонс!

Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Легендарниот боксер Мајк Тајсон призна дека пушеше марихуана пред да се врати во рингот и борбата против Рој Џонс јуниор. „Железниот Мајк“ му се врати на боксот во саботата, скоро 15 години по неговата последна професионална борба против Кевин Мекбрајд во јуни 2005 година.

Иако има 54 години и по напорните тренинзи што ги помина со Рафаел Кордеира, Тајсон импресионираше со својата подготовка и начинот како боксува, потсетувајќи на славните денови.

Бидејќи стануваше збор за ревијален меч, легендарниот Тајсон призна дека „се опуштил“ малку пред натпреварот.

ВИДЕО: Импресивен „Железниот Мајк“, боксерските легенди приредија спектакл!

– Секако дека пушев марихуана пред борбата. Ја пушам секој ден, никогаш не престанав да пушам – рече Тајсон, кој во моментов одгледува и продава марихуана во Калифорнија (државата каде што е легална нејзината потрошувачка) под името „Тајсон Ранч“.

Тој објасни зошто го прави тоа, истакнувајќи дека тоа не влијаело на неговите перформанси за време на борбата.

– Јас сум таков каков што сум. Нема никакво негативно влијание врз мене. Тоа е она што го работам и со што живеам и така ќе умрам. Нема објаснување. Нема почеток, нема крај. Марихуаната ме опива, но не ја убива болката – додаде Тајсон.

Да потсетиме, борбата помеѓу двете поранешни боксерски sвезди Мајк Тајсон (54) и Рој Џонс јуниор (51) одржана во „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес заврши без победник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот