ТАЈНИОТ ГРАД НА НАЦИСТИТЕ: Амбициозниот проект за мрежа на подземни комплекси која никогаш не е завршена
Проектот „Ризе“ можеби е еден од најмистериозните нацистички потфати, и не само во градежен аспект, но и генерално. Во прашање е кодното име за операцијата на изградба на седум подземни комплекси, меѓусебно поврзани со распространета мрежа на оргомни тунели во Долна Шлезија, област која била дел од Германија, но по Втората светска војна и припадна на Полска, објави српски „Телеграф“.
Препорачано
Тие седум комплекси се замокот Ксјонж (се наоѓа под тој објект), Жечка, Влодаж, Осовка, Соколец, Југовице, Собоњ, Глушица и палатата Једлинка. Нивната оддалеченост се мери во многу километи, што доволно зборува за обемот и амбициозноста на овој проект.
Ниту еден комплекс не е завршен до крај, сите се оставени во различна фаза на изградба, и само мал процент од тунелите се бетонирани.
Што точно правеле нацистите тука сѐ уште не познато, бидејќи е целата документација е загубена, но постојат безброј теории.

Најпопуларната вели дека Адолф Хитлер, соочен со сѐ поинтензивното бомбардирање од сојузниците, одлучил да гради нов и сеопфатен главен генерален штаб кој би бил безбеден, други сметаат дека станува збор за место во кое требало да се префрли воената индустрија. Третата теза е комбинација од претходните две, а четвртите сметаат дека нацистите на таа локација планирале изградба на истражувачки погони за изградба и правање на нуклеарно или некое друго оружје.
На крајот, кога сфатиле дека проектот претставува голем трошок на енергија и реурси, и бидејќи знаеле дека поразот во Втората светска војна е неизбежен, нацстите во овие тунели го донеле целото богатство и злато кое собирале од земјите во Европа.
Така барем сметаат локалните жители кои често трагаат по германските камиони кои наводно стигнале на оваа локација во 1945 година и потоа исчезнале во внатрешноста на планината, по што влезовите на тунелите се запечатени.
Само еден дел од ископаните тунели е откриен, додека во другите, сѐ уште не е јасно дали има останато богатство, причина поради која мештаните се упорни во своите потраги.
Околу 13.000 германски заробеници го граделе овој комплекс, од кои една третина починале за време на изградбата.
Нацистите на комплексот „Ризе“ потрошиле 130 милиони германски марки, а површината на целата подземна мрежа планирано била да биде 194.232 метри квадратни.



