Бред Пит - Фото: EPA/SASHENKA GUTIERREZ

Тајната на Бред Пит за младешкиот изглед на 62 години ја откри познат пластичен хирург

Познатиот пластичен хирург Тери Дуброу верува дека Бред Пит сè уште може да изгледа младешки на 62 години благодарение на неговата таканаречена „женска убавина“. Дискутирајќи за изгледот на познатиот актер и шпекулациите за козметичките процедури, д-р Дуброу ја изложи својата теорија во поткастот „Мисспелинг“.

– Ако има некој што воопшто не старее и не изгледа како да направил пластична операција, тоа е Бред Пит. Не знам што направил, но изгледа неверојатно – ѝ рекол Дуброу на водителката Тори Спелинг.

Потоа криптично додаде: „Не знам дали имал лифтинг на лицето, но се сомневам во тоа“.

Спелинг, која има 52 години, продолжи со забележување дека „целиот негов изглед, неговата кожа и сè друго“ видливо се подобриле „откако се отрезнил“, сугерирајќи дека Пит го должи својот посвеж изглед на промена во животниот стил.

Потоа Дуброу понуди објаснување зошто Пит изгледа добро во своите шеесетти години, а не неприродно.

– Зошто Бред Пит изгледа добро на 60 години, без брчки и опуштена кожа на лицето, додека некој друг маж на 60 или 65 години, исто така без брчки и опуштена кожа, изгледа чудно? – прашал тој, па веднаш одговорил:

– Затоа што изгледот на Бред Пит е базиран на женска убавина. Погледнете го во „Легенда за падот“ – тој е поубав од која било од жените во тој филм. Тој е едноставно поубав.

Споменувајќи други познати „згодни мажи“ како Роб Лоу и Џон Стамос, Дуброу објасни дека козметичките процедури можат да изгледаат поприродно кај мажи со помеки, поженствени црти на лицето.

– Ако имате таков тип на лице, феминизирачката пластична хирургија може да изгледа добро. Но, ако сте различен тип на убав маж, чиј изглед не е базиран на женски црти, ваквите процедури можат да изгледаат многу чудно – рекол тој.

Заклучи дека мажот треба да има повеќе женствени црти на лицето за да може да се подложи на пообемни козметички процедури во подоцнежните години без да изгледа неприродно.

Претставниците на Пит сè уште не одговориле на барањата за коментар. Иако актерот никогаш јавно не потврдил дека се подложил на козметички процедури, шпекулациите за можен лифтинг на лицето започнаа во јули 2023 година, кога се појави на Вимблдон изгледајќи видливо помлад.

Гласините беа дополнително разгорени во септември 2024 година, кога Пит и неговата 33-годишна партнерка Инес де Рамон се појавија заедно на Филмскиот фестивал во Венеција.

Синот на Анџелина Џоли и Бред Пит, Медокс, го избриша Пит од презимето во новиот филм на мајка му

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот