Tајна чувана 30 години: Избришаната сцена од „Телма и Луиз“ конечно ја откри вистината
Поминаа точно 30 години од светската премиера на култниот филм во режија на Ридли Скот, кој преку ноќ постигна неверојатен успех и им донесе слава на актерките Џина Дејвис (Телма) и Сузан Сарандон (Луиз).
Препорачано
View this post on Instagram
Тој ја раскажува приказната за двете пријателки кои заминуваат во Мексико, откако Луиз ќе го убие мажот кој ќе се обиде да ја силува Телма. Но, она по што сите го паметат филмот е драматичниот крај, кога тие двете опколени од полицијата, наместо да се предадат, со автомобилот возат кон провалијата во Гранд Кањон.
View this post on Instagram
Додека се држат за рака, автомобилот лета над провалијата, екранот станува бел и тоа е тоа. Сега по 30 години објавено е ексклузивно дивиди со последната сцена, која тогаш била избришана. Имено во неа се гледа како тие две летаат во провалијата и потоа се гледа во далечина автомобилот како вози по правливиот пат, што симболично се прикажува „продолжувањето“ на нивниот заеднички пат, наместо невообичаено преживување.
View this post on Instagram
Ридли Скот за причината за бришењето на сцената изјави дека едноставно сакал тој да ја има контролата над крајот од филмот. Инаку првично во план било Луиз да ја турне Телма од автомобилот и така да ја спаси, но, подоцна се решиле за поинаков крај.


