Тајмс: Масовно производство на вакцина против коронавирус во Британија за три месеци

Масовното производство на вакцината против новиот коронавирус во Велика Британија може да почне за три месеци, објави „Тајмс”, повикувајќи се на извори од британската Влада.

Научниците кои работат на развој на вакцината на Универзитетот во Оксфорд се надеваат дека таа ќе биде одобрена до почетокот на 2021 година, пишува лондонскиот весник.

Лидерот на научниот тим од Универзитетот во Оксфорд,  кој работи на развој на вакцината, Ендру Полард, за радио „Би-Би-Си” изјави дека барањето дозвола за вакцината во текот на оваа година ќе биде можно доколку брзо се зголеми бројот на случаи опфатени со клиничките испитувања, пренесуваат британските медиуми.

-Во такви услови научниците ќе имаат доволно податоци за да излезат предц надлежните органи, по што ќе следи и процесот на евалуација, рече Полард.

Што се наоѓа во Оксфорд вакцината која треба да нѐ заштити од коронавирусот?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот