Тајланд војна AFP / Profimedia

Тајланд ја обвини Камбоџа за кршење на примирјето и ранување на нејзин војник

Тајландските вооружени сили ја обвинија Камбоџа за „кршење“ на 10-дневниот прекин на огнот со испукување минофрлачки гранати и повредување на еден од нивните војници во област на границата меѓу двете југоисточноазиски кралства, пренесува Франс24.

„Камбоџа го прекрши прекинот на огнот“ со испукување „минофрлачки гранати кон областа Чонг Бок“, се вели во соопштението. „

Еден војник е повреден од шрапнели“, додадоа тајландските вооружени сили, без да прецизираат колку сериозно е повреден.

Пном Пен не одговори веднаш на обвинувањето.

Камбоџа го увери Тајланд дека пукањето на нејзина територија било случајно, соопшти денес тајландската војска, кратко откако ја обвини соседната земја за кршење на прекинот на огнот и повредување на еден од нејзините војници со испукување минофрлачки гранати кон граничната област.

„Воена единица во областа добила комуникација од камбоџанска страна , која ја уверила дека нема намера да отвори оган на тајландска територија и дека инцидентот е предизвикан од оперативна грешка“, се вели во неодамнешното соопштение на тајландските вооружени сили.

На 27 декември прекинот на огнот заврши со тринеделни борби, нов конфликт во кој загинаа 47 лица, а околу еден милион луѓе беа раселени од двете страни на спорната граница.

Бангкок и Пном Пен во заедничка изјава ветија дека ќе ги замрзнат своите воени позиции и ќе соработуваат во операциите за расчистување на мини во пограничните области.

Двете азиски кралства со децении се во конфликт околу нивната граница долга 800 километри, која е повлечена за време на францускиот колонијален период. Тие меѓусебно се обвинуваат за избувнувањето на новите борби.

Во претходната рунда непријателства во јули загинаа 43 лица за пет дена.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот