Тахири: Законот за Институтот за истражување на злосторствата извршени за време на војната во Косово е антинационален

Абелард Тахири / Фото: Принтскрин / Твитер

Шефот на пратеничката група на ПДК, Абелард Тахири, на денешната седница на Собранието ги повика пратениците да не гласаат за законот за Институтот за истражување на злосторствата сторени за време на војната во Косово, пренесува Индекс онлајн.
Донесувањето на законот за Институтот за истрага на злосторствата извршени за време на војната во Косово е на законодавна седница, а Тахири го нарече антинационален.

„Истрагата за воените злосторства и српскиот геноцид на Косово мора да продолжи без никакво сомневање. Но, владата на Албин Курти денеска на дневен ред на собранието го стави усвојувањето на законот за Институтот за истражување на злосторствата сторени за време на војната во Косово. Војната на Косово заврши на 12 јуни 1999 година со заминување на српската војска и полиција од Косово, а по јуни 1999 година немаше војна. Овој антиисториски, антинационален и антидржавен пристап, да се претстави и да се вклопи во интерпретацијата на Србија. Ги повикувам сите членови на собранието да одговорат на здравиот разум и да го отфрлат овој невиден, антиисториски и антинационален срам“, рече Тахири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот