Тага: Петгодишно дете се удави во Уна, во обид со родителите – мигранти да влезат во Хрватска

Петгодишно момче се удавило во реката Уна ноќта меѓу четвртокот и петокот, додека заедно со неговото семејство се обиделе илегално да преминат од Босна и Херцеговина кон Хрватска.

Трагедијата се случила во општина Нови Град, а, според извештајот на локалната полиција, во семејството на мигрантите, по се со потекло од Авганистан, имало уште четири малолетни деца.

Наводно, тој паднал од прегратките на татко му

Момчето кое загина  наводно паднало од рацете на татко му додека се обидувале да ја преминат реката.

По пријавувањето на местото на несреќата, пристигна медицинска екипа со спасувачките екипи, а потрагата по момчето траеше нешто помалку од еден час пред да се најде неговото безживотно тело. Обидите на лекарите да го реанимираат беа неуспешни.

Отворена истрага

Во тек е истрага за трагедијата, која ја спроведува надлежното окружно обвинителство.

Според достапните податоци од полициските агенции во БиХ, приливот на илегални мигранти во земјата оваа година е значително помал отколку во претходните години, но неколку илјади од нив се уште престојуваат таму чекајќи можност да го продолжат патувањето.

Повеќето мигранти се уште се концентрирани во округот Уна-Сана. Откако локалните власти на Бихаќ ги преселија мигрантите од тој град во кампот Липа, дваесет километри подалеку, околу илјада и пол од нив се доближија до границата и сега живеат таму во импровизирани живеалишта, бидејќи веруваат дека ќе биде полесно да се премине во Хрватска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот