Таа болка не се издржуваше, а суицидните мисли не ме напуштаа – Џастин Бибер проговори за менталните проблеми

Фото: Инстаграм

Џастин Бибер многу рано ја почувствувал убавината, но и товарот на славата, а во новиот документарец открива како сакал да побегне од менталните проблеми со кои се борел, признавајќи дека постоело време во кое тој се чувствувал многу суицидно.

Својата потајна борба со самоубиствените мисли 26-годишниот пејач ја открил во новиот Јутјуб документарец – „Џастин Бибер: Следно поглавје“.

Фото: Инстаграм

Мислам дека постоеа моменти кога бев навистина, многу, многу суициден. Се прашував „Човече, дали некогаш оваа болка ќе престане?“. Беше така константно, болката беше толку постојана. Само можев да страдам, ништо друго. Подобро ќе ми беше да не чувствувам ништо отколку тоа, вели во докмунетарецот Бибер.

Фото: Инстаграм

Поп ѕвездата вели дека можел многу да се поштеди и да ја намали болката доколку погласно говорел за своите проблеми и сака да ги поттикне другите луѓе да бидат поотворени во поглед на своето ментално здравје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот