СЗО: Во Европа за 60 отсто зголемено семејното насилство

Службите за брза помош ширум Европа регистрираа за 60 проценти повеќе повици од жени жртви на семејно насилство за време на изолацијата воведена поради пандемијата со Ковид-19, предупреди денеска европската канцеларија на Светска здравствена организација.

Семејното насилство над партнерот или детето има тенденција на зголемување во периодот на криза, посебно со рестриктивните мерки и изолацијата, воведени поради ширењето на новиот коронавирус.

– Земјите-членки во април утврдија зголемување за 60 отсто на итните повици од жени жртви на насилство од страна на партнерите во однос на минатата година – изјави директорот на европската канцларија на СЗО, Ханс Клуге на прес-конференција во Копенхаген.

Тој додаде дека такво зголемување е регистрирано речиси во сите земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот