СЗО сè уште разговара за руската вакцина „Спутник В“

Фото: EPA-EFE/MIGUEL GUTIERREZ

Светската здравствена организација (СЗО)Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека сè уште разговара за руската вакцина „Спутник В“ против Ковид-19 и оти сè уште не утврдила датум за проценка на клиничките податоци за евентуално ставање на листата на можни вакцини во итни случаи.

– Сè уште чекаме на Спутник, сè уште сме во фаза напред-назад. Така што сè уште немаме закажано состанок за ревизија на вакцината, изјави портпаролката на СЗО, Маргарет Харис на брифинг во Женева.

Бразилскиот здравствен регулатор Анвиса вчера одби да увезува „Спутник В“, како што побараа државните гувернери кои се борат со смртоносен втор бран на епидемијата.

Одлуката на петчленото раководство на регулаторното тело била донесена едногласно, откако експертите посочиле дека постојат ризици поврзани со вакцината и „сериозни” дефекти како што се недостаток на информации што ја гарантираат нејзината безбедност, квалитет и ефикасност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот