СЗО открива „загрижувачка мутација“ на корона вирусот во Индија: Можно е видот да е отпорен на вакцини

EPA-EFE/RAJAT GUPTA

Постојат информации дека сојот на вирусот Б.1.617 е позаразен“, но исто така постојат елементи кои укажуваат дека има одреден степен на отпорност на вакцините и затоа го класифицираме како „загрижувачка мутација на вирусот“, рече д-р Марија Ван Керков , шеф на техничкиот тим за борба против ковида-19 во рамките на СЗО

Мутацијата на ковид-19 откриена во Индија (Б-1.617) е класифицирана како „загрижувачка“, објави денеска Светската здравствена организација, особено поради нејзината поголема зараза.

„Постојат информации дека сојот на вирусот Б.1.617 е позаразен“, но исто така постојат елементи кои укажуваат дека има одреден степен на отпорност на вакцините и затоа го класифицираме како „загрижувачка мутација на вирусот“, рече д-р Марија Ван Керков , шеф на техничкиот тим за борба против ковида-19 во рамките на СЗО.

Таа рече дека дополнителни детали ќе бидат објавени утре во редовниот неделен епидемиолошки извештај, но остануваaт уште многу истражувања за таа варијанта на вирусот, за да се види колкав дел од тој вирус циркулира и до кој степен ја намалува ефикасноста на вакцините.

„Засега нема индикации дека нашата дијагностика, лекови и вакцини не работат. И тоа е важно “, рече таа.

Таа рече дека треба да се продолжи со примена на здравствени мерки како што се социјално дистанцирање, носење маска, намалување на контактите и сл.

„И понатаму ќе продолжиме да ги следиме овие загрижувачки мутации и треба да се вложат максимални напори да се ограничи нивното пренесување, да се ограничи инфекцијата, да се спречи инфекцијата и да се намали сериозноста на болеста“, рече таа.

Таа мутација е една од причините, но не и единствената, што ја објаснува експлозијата на пандемијата во Индија, моментално најлошото жариште во светот.

Според официјалната статистика, околу 4.000 луѓе умираат дневно од ковида-19 во Индија, каде вкупниот број на смртни случаи достигна скоро 250.000.

Многу експерти веруваат дека реалниот број е далеку поголем и ги цитираат податоците од крематориумот. Особено голем број на безброј жртви има сега кога епидемијата се прошири над големите градови во руралните области каде што има малку болници и каде податоците полека се ажурираат.

Извор: Недељник

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот