СЗО откажа уште една хуманитарна мисија во Појасот Газа поради безбедносни причини
Интензивното бомбардирање, ограничувањата на движењето, недостигот на гориво и нарушените комуникации ги спречуваат СЗО и нашите партнери да дојдат до оние на кои помошта им е потребна, рече Тедрос на онлајн прес-конференција од Женева, пренесува МИА.
Препорачано
Светската здравствена организација (СЗО) откажа уште една планирана мисија за медицинска помош во Газа поради безбедносни причини, пренесоа британските медиуми.
Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, изјави дека агенцијата на ОН ја откажала својата шеста мисија на северот на Газа бидејќи барањата за влез во делот од енклавата не биле одобрени или не биле исполнети безбедносните гаранции од последната посета на 26 декември, пренесоа британските медиуми.
„Интензивното бомбардирање, ограничувањата на движењето, недостигот на гориво и нарушените комуникации ги спречуваат СЗО и нашите партнери да дојдат до оние на кои помошта им е потребна“, рече Тедрос на онлајн прес-конференција од Женева.
СЗО го повика Израел да ги одобри нивните барања и барањата на другите партнери за испорака на хуманитарна помош.


