СЗО: Ковакс очекува 250 милиони дози вакцини во следните шест до осум недели

Системот Ковакс очекува да добие 250 милиони дози вакцини против Ковид-19 во следните шест до осум недели, донирани на најсиромашните земји во светот, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).
Ковакс, кој треба да им обезбеди бесплатна вакцина на сиромашните земји, е финансиран од побогатите и досега подели 152 милиони дози на 137 посиромашни земји.
Во неделниот извештај објавен денеска, СЗО соопшти дека неодамнешниот состанок на кризниот тим на ООН објавил дека „зголемен број дози на вакцини ќе бидат донирани на Ковакс, обезбедувајќи 250 милиони дополнителни дози во следните шест до осум недели”.
– Глобалната побарувачка за вакцини го надминува снабдувањето, а милиони најранливи остануваат незаштитени. Знаеме дека вакцинацијата е наша најдобра заштита од сите нови варијанти, изјави Сет Беркли, раководител на здружението за вакцини Гави.
СЗО постојано ги осудува нееднаквостите во пристапот до вакцинација помеѓу луѓето во сиромашните земји и оние во богатите земји.
Акцијата за вакцинација против Ковид-19 денеска е најавена во Танзанија, Бурунди, Еритреја, Хаити и Северна Кореја, единствените земји каде што досега не беше започната кампањата за вакцинација. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот