СЗО бара од земјите постепено да ги ублажуваат ковид мерките

СЗО/ Фото: : EPA-EFE/ MARTIAL TREZZINI

Многу земји не го достигнаа врвот на епидемискиот бран на високо преносливата oмикрон варијанта на коронавирусот, затоа мерките за сузбивање на неговото ширење треба постепено и внимателно да се ублажуваат, изјави денеска Марија Ван Керхове, шефица на техничкиот оддел за Ковид- 19 во Светската здравствена организација.

Шефот на СЗО за вонредни ситуации, Мајк Рајан ги повика државите самостојно да го трасираат својот пат за излез од пандемијата, а не слепо да ги следат другите и да ги ублажуваат рестриктивните мерки.

– Ако брзо ја отворите вратата, подобро би било и да можете да ја затворите прилично брзо, предупреди Рајан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот