СВР Струмица демантира дека му е изречен притвор на градоначалникот на Василево

СВР Струмица попладнево преку соопштение објави демант на информациите објавени во одредени медиуми дека на градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев и на уште едно лице им е одреден притвор за наводен изборен поткуп.

-Во однос на изнесените вести на одредени веб портали дека е определена мерка притвор за лицето М.Ј. и за уште едно лице од општина Василево, ве известуваме дека таква мерка „притвор” не е определена спрема посочените лица, туку на истите им е врачена покана заради обавување на разговор и давање потребни известувања, стои во соопштението на СВР Струмица.

Од струмичката полиција апелираат до медиумите да не изнесуваат невистини, особено во период на предизборен молк, а за сите потребни информации стојат на располагање на медиумите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот