Свлечишта ја отежнуваат изградбата на патот Кичево-Дебар, компанијата од лани бара повеќе пари за потпорни ѕидови
Сè уште не е завршен патот Кичево-Дебар поради свлечишта кои се откриени за време на изградбата на истиот. Од компанијата „Илинден“, која ги извршува работите, велат дека голем дел од патот, кој е во должина од 19 километри, е асфалтиран, но дека и натаму има одрони на неклку делови, објави ТВ21.
Препорачано
За патот да биде завршен, од компанијата велат дека е потребно да се изградат потпорни ѕидови, за што компанијата побарала дополнителни средства од Јавното претпријатие за државни патишта, но тие сѐ уште не се одобрени.
„Во однос на патот Извор–Гари, во моментов нема ништо ново. Дополнителните средства за потпорните ѕидови сѐ уште не се одобрени од страна на Јавното претпријатие за државни патишта. Информиран сум дека се очекува овие средства наскоро да бидат обезбедени, но не можам да кажам колку брзо ќе се случи тоа“, изјави сопственикот на компанијата, Раде Трајковски.
На овој проблем со свлечиштата од компанијата предупредуваа и минатата година и кажаа дека се потребни потпорни ѕидови, за што бараа дополнителни средства од Јавното претпријатите за државни патишта.
Се асфалтира патот Кичево-Дебар, работите беа во застој поради свлечишта


