СВЕТСКИТЕ ЛИДЕРИ ГО ИСМЕВАА ТРАМП: „На членовите на неговиот тим вилиците им паднаа до под“ (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

На нимки кои се појавија на социјалните мрежи може да се види како лидерите на некои од најголемите американски сојузници, според контекстот на разговорот, го озборуваат и го исмеваат Трамп.

Снимката е направена на прием во Бакингамската палата кај кралицата Елизабета Втора и нејзиниот наследник, принцот Чарлс, каде се гледаат холандскиот премиер Марк Руте, канадскиот премиер Џастин Трудо, британскиот премиер Борис Џонсон и францускиот претседател Емануел Макрон, како стојат во круг и разговараат пиејќи.

На дел од разговорот, Џонсон го прашува Макрон зошто доцни, на што Трудо одговара дека доцни поради неговата 40-минутна прес-конференција.

Макрон и Трамп долго време одговараа на новинарски прашања, што не беше предвидено во протоколот, при што Макрон кажа дека тој останува на своите тврдења за НАТО, кои Трамп ги оцени како навредливи.

Џастин Трудо со насмевка оцени: „Убаво се виде дека на членовите на неговиот тим (н.з. на Трамп) вилиците им паднаа до под“.

Разговорот на европските лидери со канадскиот премиер случајно е снимен со камери на канадска телевизија, а сигурно нема да ја подобри атмосферата денеска кога на самитот ќе се разговара за турската операција во Сирија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот