Светските берзи паднаа трета недела по ред, сите стравуваат од рецесија

profimedia

На светските берзи цените на акциите опаднаа и минатата недела, трета по ред, што е последица на стравувањето на инвеститорите дека најголемите светски економии ќе потонат во рецесија.

На Wall Street, Dow Jones минатата недела опадна за 1,5 проценти, на 25,886 поени, додека S&P 500 ослаби за еден процент, на 2,888 поени, а Nasdaq индексот за 0,8 проценти, на 7,895 поени.

Падот на овие три индекси трета недела по ред се должи на стравувањето на инвеститорите дека ќе настапи рецесија.

Имено, во среда, за прв пат по 12 години, приносите на двегодишните американски државни обврзници беа поголеми отколку приносите на 10-годишните обврзници, а оваа тн. инверзија се смета за класичен сигнал дека претстои рецесија.

Ваквиот сигнал, според економските експерти, се појавил пред секоја рецесија во последните 50 години.

На пазарот не му помага ниту острата реторика меѓу Вашингтон и Пекинг. Пекинг минатата недела порача дека ќе возврати во случај САД да воведе царини на кинескиот увоз и повика двете земји да се најдат на половина пат, додека претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека трговскиот договор мора да биде постигнат „под нивни услови“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот