Светската ѕвезда Рита Ора ќе одржи концерт во Охрид на 1 август
Глобалната поп-ѕвезда Рита Ора ова лето ќе настапи во Охрид, каде што на 1 август ќе одржи голем концерт на стадионот Билјанини извори.
Препорачано
Орa, која важи за една од највлијателните музички и модни икони на современата поп-сцена, зад себе има милијарди стримови, бројни меѓународни признанија и настапи на најголемите светски сцени.
Нејзиното доаѓање во Охрид претставува еден од најзначајните музички настани ова лето во Македонија. Според најавата, концертот ќе понуди целосно продукциско шоу со препознатливиот сценски печат на Рита Ора.
„Глобална музичка и модна икона, артист со милијарди стримови, бројни светски признанија и концерти на најголемите сцени во светот. Ова лето, токму таа го избра Охрид. И таа ноќ ќе носи нејзин потпис“, велат од продукција „Прагма“, кои го организираат овој концерт.
Билетите за концертот во Охрид се продаваат преку мрежата на „Купи карта“, по цена од 1.700 до 2.200 денари.
Организаторите најавуваат голем интерес и препорачуваат навремена набавка на билети за овој ексклузивен летен спектакл во Охрид.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
33мин
-
1час
-
2час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


