Светска медицинска асоцијација: Можеби вакцината против ковид-19 ќе треба да се дава секоја година

Вакцинација во Франција
EPA-EFE/Caroline Blumberg

Дополнителната, засилувачка доза од вакцината против коронавирусот веројатно ќе биде потребна секоја година, е мислењето на претседателот на Светската медицинска асоцијација, Франк Улрих Монтгомери, кое го истакна во интервју за весниците на германската медиумска група „Функе”.

-Засилувачката доза на вакцината го зајакнува имунолошкиот систем. Но, не знаеме точно колку долго ќе трае пандемијата. Можеби вакцината треба да се дава секоја година, рече докторот.

Монтгомери го поддржа воведувањето зелени сертификати за вакцинација со рок на важност што ќе истече во одреден момент доколку граѓанинот навреме не изврши ревакцинација.

Првите вакцини против коронавирусот беа направени лани во декември во Германија, а граѓаните кои ги добија вакцините се уште имаат валидни потврди.

Светската здравствена организација (СЗО) во петокот го идентификуваше новиот сој Б.1.1.529, пронајден во Јужна Африка, и го именува со грчката буква омикрон. СЗО во соопштението кажува дека оваа варијанта на коронавирусот „има голем број мутации, од кои некои се загрижувачки”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот