Светот го очекува Армагедон, рекордни пожари од јануари до април предизвикаа невидена штета
Климатските промени доведоа до рекордни пожари во Африка, Азија и на други места оваа година, а се очекува условите да се влошат со приближувањето на летото и започнувањето на временските шеми на Ел Нињо, предупредуваат научниците. Пожарите од јануари до април веќе предизвикаа невидена штета, изгореа повеќе од 150 милиони хектари (370,66 милиони акри) земја, 20 проценти повеќе од претходниот рекорд, според извештајот на истражувачка група која ја проучува улогата на глобалното затоплување во екстремните временски настани.
Препорачано
Истражувачите предупредуваат дека ова лето би можело да ги сруши рекордите за температура, предизвикувајќи широко распространети суши и пожари, со влијанието на климатските промени предизвикани од човекот, засилено од особено силниот ефект на временскиот феномен Ел Нињо.
„Додека во многу делови од светот глобалната сезона на пожари сè уште не се загреала, овој брз почеток, во комбинација со прогнозата за Ел Нињо, значи дека нè очекува особено тешка година“, рече Теодор Кипинг, експерт за шумски пожари на Империјал колеџ во Лондон и член на истражувачка група која предупредува дека околу 85 милиони хектари земја изгореле во Африка оваа година, 23 проценти повеќе од претходниот рекорд од 69 милиони хектари- пренесе Б92.
Светската метеоролошка организација предупреди – Ел Нињо ќе се појави во мај
„Невообичаено високата активност на пожари во Африка е предизвикана од брзиот премин од екстремно влажни кон екстремно суви временски услови“, рече Кипинг, предупредувајќи дека ризиците од пожари би можеле да се влошат подоцна оваа година, а Ел Нињо ја зголемува веројатноста за екстремна топлина и суша во Австралија, Канада, САД и амазонската дождовна шума.


