Светислав Пешиќ во Куќата на славните на ФИБА

Пешиќ по 19 години се враќа селекторската функција/ фото. EPA-EFE/SEDAT SUNA

Легендарниот кошаркарски тренер Светислав Пешиќ ќе стане член на Куќата на славните на ФИБА како член на класата 2020.
Светислав Пешиќ играчката кариера ја започна во Пирот, а играше и за Партизан и Босна, но далеку поголеми успеси имаше како тренер.
Тренерската кариера ја започна само три години откако ја прекина играчката, а најголемиот успех му е освојувањето на златниот медал со репрезентацијата на СР Југославија на Светското првенство во Индијанаполис 2002 година. Една година претходно ја освои и европската титула.
Тоа не е прво европско злато за Светислав Пешиќ, тој ја предводеше и селекцијата на Германија која триумфира на ЕП 1993 година.
Пешиќ исто така беше селектор на една од најталентираните генерации во историјата на кошарката, кога јуниорската репрезeнтација на СФР Југославија победи на СП 1987 година во Бормио.
Со екипата на Барселона ја освои Евролигата, а со Џирона во 2007 година го освои Еврокупот.
Нови членови на Куќата на славните на ФИА во  класата 2020 ќе бдат и Стив Неш, Александар Волков и Јуре Здовц.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот