Свекорот на Николина Пишек: Ќе објавам список со сите нејзини љубовници

Фото: Профимедиа/Инстаграм

Откако хрватската водителка Николина Пишек ги потврди шпекулациите за околностите на смртта на нејзиниот сопруг Видое Ристовиќ, велејќи дека во моментот на смртта бил со жена која му била љубовница, и нејзиниот поранешен свекор Миша Гроф се огласи за да ги прокоментира нејзините тврдења.

Телевизиската водителка изјави дека нејзиниот свекор знаел за сè, но дека на јавноста ѝ изнел сосема друга приказна и тврдел дека неговиот син бил на масажа.

„Тоа не е точно. Таа е луда жена. Никогаш не го ни кажав тоа. Имам дневник со имињата на мажите со кои таа била за време на бракот со Видое и сето тоа ќе го објавам“, изјави Миша Гроф за „Блиц“.

Видое Ристовиќ и Николина Пишек / Фото: Инстаграм/Николина Пишек

Гроф ја прокоментира и поделбата на имотот, поради што тие не се во добри односи.

„Јас молчам, а таа лае. Таа даде коментари во мое име. Таа беше на погребот и никогаш повеќе ниту ја видов, ниту ја слушнав. Имотот за кој се пишуваше е сопственост на моите родители, најдобро би било да ѝ го дадам“, саркастично изјави тој.

Николина Пишек: Сѐ што се зборува за мојот сопруг е вистина, знам за жената со која бил во станот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот