Сведок во „Талир-2“ тврди: Рангелова ме „спаси“ да не потпишам уплатница со мои податоци, многу сум и благодарна

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Во периодот од 2009 до 2013 година бев советник на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Центар. Од 2003 до 2018 година бев активна во партијата и два мандати сум била советник. Во тој период сум донирала пари од паушалот кој сум го донирала, а материјално сум помагала во Местниот комитет во населбата Капиштец, изјави Менка Радивојша на денешното рочиште за случајот “Талир-2”.

– Имаше ситуации кога добивме уплатници кои ги пополнивме. Тогаш Игор Есмеров беше претседател на Општинскиот комитет во Центар. Само јас и Даниела Рангелова одбивме да ги потпишеме тие уплатници и за тоа многу сум и благодарна. Искрена да бидам, не видов дали другите членови ги пополниле тие уплатници. Првично не ја сфатив функцијата на тие уплатници, и мислам дека немам потпишувано уплатници со мои податоци – рече Радивојша.

Обвинението за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ го товари Никола Груевски за злоупотреба на службената положба и овластување и за перење пари и други приноси од казниво дело. Груевски е избеган во Унгарија и во сите процеси му се суди во отсуство.

Обвинети се и Кирил Божиновски и Миле Јанакиески, кој е во куќен притвор. Илија Димовски и Леко Ристоски се обвинети за перење пари и други приноси. Обвинета беше и Елизабета Чингаровска, која призна вина. И партијата ВМРО-ДПМНЕ како правно лице е обвинета за перење пари и други приноси. Обвинител во овој случај е Ленче Ристовска, а судечки судија е Осман Шабани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот