Сушата во Каталонија ќе ги секне фонтаните, земјоделците ќе останат без доволно вода за наводнување

Фото: Profimedia

Од петок во Каталонија се воведуваат ограничувања за потрошувачката на вода поради повеќемесечната суша и тие ќе погодат 6,7 милиони луѓе или 80 отсто од населението во тој регион.

Портпаролката на каталонската администрација, Патриша Плаха, рече дека засега нема да биде неопходно да се ограничи употребата на вода во домовите за миење, готвење или пиење, туку дека владата ги повикува граѓаните да ја користат водата посовесно и „да бидат свесни за ситуацијата”.

Мерките ќе вклучуваат прекин на вода за наводнување на земјоделските култури и индустрија.

На жителите на градовите нема да им биде дозволено да користат вода за пиење за миење на надворешноста на куќите или автомобилите или за полнење базени.

Фонтаните ќе престанат да работат во повеќе од 500 општини, вклучувајќи ја и Барселона, а ќе биде забрането миење на улиците со вода за пиење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот