„Супер сум“: Бајага ги демантираше наводите дека се лечел од алкохолизам

Фото: Инстаграм/Бајага

Српскиот медиум „Република“ објави дека рок-музичарот Момчило Бајагиќ – Бајага, наводно, завршил на лечење од алкохолна зависност на една приватна руска клиника во Земун, Србија.

Во изјава за истиот портал, извор изјавил дека Бајага се обратил за помош при одвикување од алкохол и поради сериозни здравствени проблеми со црниот дроб. Исто така, изворот раскажал дека за неговото здравје се грижел интернист од една друга државна болница.

„Интернист од Специјалната болница за интерни болести го посети Бајага во приватната клиника каде што беше сместен. Тој ја следеше неговата состојба, со оглед на тоа дека поради долгогодишното консумирање алкохол целосно му бил уништен црниот дроб. Затоа конечно се согласил на лекување, бидејќи се знае дека оние кои имаат проблем со пиењето тешко се одлучуваат на овој чекор. Кај нас е особено општествено прифатливо да се пие и да се наздравува во сите прилики, па ретко кој, дури и кога ќе дојде до сериозен проблем, сака да го признае и прифати, а камоли да оди на лекување“, вели изворот за „Република“.

Фото: Инстаграм/Бајага

„Момчило во последен момент реши да ги земе работите во свои раце и да дојде во оваа позната клиника, каде успешно се лекува алкохолизмот. Тоа е долготраен процес. Менталниот проблем од целосната апстиненција од алкохол сè уште може некако да се реши, но штетните ефекти што ги остава долгорочната консумација на алкохолни пијалоци врз органите се потешки за лекување. Затоа секојдневното следење на интернистот беше најважно во случајот на Бајага“, додаде изворот.

Бидејќи секогаш постојат две страни на приказната, од „Република“ го контактираа и музичарот за изјава, кој ги демантираше наводите за неговата хоспитализација.

„Јас сум одлично, супер се чувствувам – никогаш подобро. Веста за моето лечење не е точна. Немам проблем, јас се чувствувам добро и ви благодарам за грижата“, одговори Бајага на прашањето за неговото лечење од алкохолизам.

ВИДЕО | Бајага фатен со новата девојка, по разводот живее со неа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот