ВИДЕО | Бајага фатен со новата девојка, по разводот живее со неа

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Приватноста на една од најголемите музички ѕвезди Момчило Бајагиќ Бајага со години е мистерија.

Претходната година се појави веста дека Бајага по три децении љубов се разведува од сопругата Емилија со која имаше две деца, но тој не сакаше да зборува за ова.

„Иако не сум поддржувач на јавното мислење и на тоа работи од приватниот живот да се провлекуваат низ жолтиот печат… иако веројатно веќе сите знаете… Па дозволете ми да се огласам. Официјално разведен“, напиша накратко тогаш на Фејсбук.

Неодамна откри дека е емотивно исполнет, а сега екипата на „Папарацо лов“ го снимила со мистериозна црнка како влегува во зграда.

Бајага, кој живеел во Сењак, го продал станот и сега живее во Земун.

Според српските медиуми, музичарот веќе се вселил со новата девојка, со која се на иста возраст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот