Сумата ги надмина очекувањата: Пиштолот на Шон Конери од „Џејмс Бонд“ продаден на аукција

Profimedia
Фото: Профимедиа

Пиштолот „Walther PP“, кој Шон Конери го користеше во првиот филм за Џејмс Бонд е продаден на аукција во Беверли Хилс за 256 илјади долари, надминувајќи ги очекувањата, соопшти аукциската куќа „Julien’s Auctions”.

Полуавтоматскиот пиштол Шон Конери го користеше во филмот „Dr. No“ од 1962-та година.

Аукциската куќа „Julien’s Auctions” соопшти дека купувачот, кој сакал да остане анонимен, е Американец и дека заедно со своите деца ги изгледал сите филмови за Џејмс Бонд.

Со постигнатата цена од 256 илјади долари пиштолот е продаден за повеќе од очекуваните 200 илјади долари.

Шкотскиот актерски великан Шон Конери, првиот Џејмс Бонд, почина на 31 октомври во својата куќа на Бахамите на 91 година.

На истата аукција за 108 илјади долари се продадени и кацигата на Том Круз кога ја носеше во „Top Gun“, и самурајскиот меч на Брус Вилис од „Pulp Fiction“, кој достигна цена од 35.200 долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот