Сугарески: Реализација на гасоводот во Тетовско е 40 отсто

фото: МИА

Реализацијата на магистралниот гасовод во реонот на Тетовско достигнува 40 отсто и се очекува брзо напредување поради решените предмети поврзани со експропријацијата.

Ова го истакна министерот за транспорт и врски Горан Сугарески при денешната посета на Тетовско каде изврши увид во обновата на патот од Тетово до Попова Шапка.

– Изградбата на капитални проекти е врвен приоритет на нашата Влада. Во моментов се работи во сите сфери и во патната, железничката и гасоводната инфраструктура. Задоволен сум од динамиката на тоа што се случува со магистралниот гасовод. Добро оди динамката на изградба на гасоводната магистрална мрежа од Скопје до Тетово и Гостивар. Лани беа решени голем број предмети од експропријацијата што беа сериозен проблем. Овој дел од гасоводот чини 29 милиони евра и реализацијата е околу 40 проценти, изјави Сугарески.

Тој истакна дека со градоначалничката Теута Арифи разговорале и за тоа како оди процедурата за дистрибутивна мрежа во градот.

-Очекуваме наредната година институциите да бидат први кои ќе се приклучат на гасоводот. Се разбира ако општината ги направи нивни работи да можат да бидат приклучени прво институциите, а потоа и домаќинствата во Тетово, рече Сугарески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот