Суецкиот канал повторно беше блокиран од насукан танкер
Суецкиот канал синоќа повторно беше блокиран, кога танкер што пловел под знамето на Сингапур се насука поради дефект на кормилото.
Танкерот Affinity V, долг 250 метри, пловел кон Саудиска Арабија кога се насука во близина на местото во тесниот јужен дел на каналот каде што заглавил контејнерскиот брод „Евер Гивен“ во 2021 година, предизвикувајќи еднонеделен прекин на сообраќајот,
Препорачано
Како што соопштија од управата на Суецкиот канал, за разлика од „ Евер Гивен“ овој пат шлеперите успеале за неполни пет часа да го поринат бродот
Бродот пловел од Португалија до саудиското пристаниште Џанба на брегот на Црвеното Море.

Контејнерскиот брод „Евер Гивен“, кој пловел под знамето на Панама од Кина до Ротердам, предизвика блокада на Суецкиот канал на 23 март 2021 година, која траеше шест дена.
Застојот доведе до нарушувања на светските пазари, имајќи предвид дека околу 12 отсто од светската трговија се одвива преку Суецкиот канал, кој е најбрзата рута меѓу Азија и Европа.
Повеќе од 15 шлепери учествуваа во операцијата за повторно подигање на „Ever Given“, а последниот од 422 пловила што чекаа поради инцидентот успеа да го помине каналот дури на 3 април.


