Судските такси за физички лица од 48.000 денари се ограничуваат до 6.000 денари

ФОТО: МИА

Владата го достави предлог законот за изменување и дополнување на Законот за судските такси до Собранието со кој се врши градација на висината на судската такса што ја плаќа таксениот обврзник при поднесување на тужба, на противтужба и за предлог за повторување на постапката во зависност од тоа дали истиот е правно лице или физичко.

– Носењето на закон за изменување и дополнување на Законот за судските такси произлегува од потребата за обезбедување на услови за олеснување на пристап до правдата преку намалување на горниот праг на висината на судската такса за физички лица, таксени обврзници при поднесување на тужба, противтужба и предлог за повторување на постапката пред суд. Исто така измената која се предлага е согласно основната намера на Владата на Република Северна Македонија за членство во Европската Унија и е во духот на реформите во областа судство и негово натамошно унапредување“, се наведува во предложеното законско решение.

Висината на таксата за физички лица со измените се ограничува до најмногу 6.000 денари, во зависност од вредноста на спорот наместо досегашните 48.000 денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот